Ана Марија Темова и Зорица Станковска се победници на натпреварот за најсподелуван монолог на Фејсбук организиран од страна на филмското училиште Тинтири Минтири, а кој се одржа на 28 март 2024 година.

Им благодариме на сите споделувачи и учесници на натпреварот кои помогнаа натпреварот да стане вирален!

Победниците според жири комисијата во состав Дубравка Киселички (актер), Пируника Киселички (актер) и Кузман Кузмановски (режисер) можете да ги погледнете ТУКА.

Натпреварот во монолози го организираме со цел да постигнеме повеќекратни цели: пред се да ги мотивираме децата креативно да се вложат и да подготват квалитетни содржини, да се соочат со комисијата и да ја победат тремата, да ги покажат своите максимални актерски квалитети, да научат да ги завршуваат работите до крај, да добијат самопроцена за тоа до каде се во процесот на актерска обука, да се забавуваат и дружат и уште многу друго.

Победничките монолози можете да ги погледнете на линковите подолу!