На натпреварот во монолози што се одржа на 28 март 2024 година во просториите на филмското училиште Тинтири – Минтири педесетина деца ги покажаа своите актерски вештини пред камерите. Видовме многу интересни монолози, оригинални приказни од кои голем дел беа идеја на самите учесници. Натпреварот се одржа во две возрасни категории: од 6 до 11 години и до 11 до 18 години.

Жири комисијата во состав Дубравка Киселички, актерка, Пируника Киселички, актерка и Кузман Кузмановски, режисер, одлучија да ги доделат следните награди:

Категорија од 6 до 11 години:

1 место: Леона Андонова (11 години)

2 место: Марија Марковска (9 години)

3 место: Теодор Василески (9 години)

4. место / специјална награда: Михаела Ѓорѓиевска (8 години) и Нина Младенов (8 години)

Категорија од 12 до 18 години:

1 место: Јоана Поповска (14 години)

2 место: Лара Костовска (17 години) и Искра Георгиевска (15 години)

3 место: Емилија Личкова (17 години)

4 место/ специјална награда: Ива Петровска (13 години) и Анастасија Петковска (13 години)

Честитки до сите учесници!

Дополнително монолозите ќе бидат прикачени на Јутуб и ќе одбираме монолози кои ќе имаат најмногу споделувања преку социјалните мрежи.