Драги деца и родители, уписите за нови членови за учебната 2023/24 се отворени!

Програмата на Тинтири Минтири е наменета за деца и млади од 6 до 18 години!

Како работиме Во Тинтири Минтири работиме на менторски принцип: нашите ментори ги насочуваат децата и младите кон креативна работа во аудио-визуелната сфера – тие учат како да се однесуваат пред камера, како да пишуваат, снимаат, монтираат скечеви и филмови, како да да ја освојат театаската сцена и уште многу друго. Особено внимание обрнуваме на запазување на сите педагошки и дидактички принципи на работа. Во текот на годината јавно ги прикажуваме сите материјали на кои работиме со децата и младите, пред се преку едукативната забавна емисија Тинтири – Минтири Шоу, која веќе шест сезони постојано се емитува на Канал 5 телевизија. На крајот на секој семестар се претставуваме пред публиката со театарски претстави, премиера на филмови и сл.

Новата, седма сезона на Тинтири Минтири Шоу започнува да се снима на почетокот на септември 2023!

Што вклучува програмата на Тинтири – Минтири:
  • обука за филмски и театарски актери
  • основи на филм, филмско сценарио, драмски текст
  • основи на филмска и тв режија
  • креативно пишување
  • анимација
  • радио драма
  • градење однос кон камера и јавен настап
Програмата на Тинтири – Минтири овозможува децата и младите да се стекнат со вештини кои ќе можат да ги применуваат во секојдневниот живот  (презентации, јавни настапи и сл.), а особено придонесува кон градење на самодовербата, сето тоа преку многу забава, дружење и учество во реални проекти.

Како е организирана наставата?

Часовите се одржуваа еднаш неделно – 90 минути. Снимањата за емисијата и за другите проекти ги закажуваме тековно. icon-rezija icon-gluma icon-scenario

Со настава почнуваме на 7 септември:

Студиото на Тинтири – Минтири се наоѓа во Дом на култура „Кочо Рацин“, (“Дом на градежници“), веднаш спроти гимназијата Јосип Броз Тито. Сите заинтересирани можат подетално да се информираат на тел. 078 30 21 61, или во приватна порака на Инстаграм и Фејсбук или со пополнување на АПЛИКАЦИЈАТА, по што ќе ги контактираме. icon-voditeli icon-radio icon-animacija