Филмското училиште Тинтири Минтири ќе одржи актерски работилици за деца  на возраст од 8 до 14 години кои живеат на територија на општина Аеродром.

На овие работилници децата ќе ги научат основите на актерската игра, како и структура на скеч и краток филм. Како продукт на едукативниот процев на овие работилници со учесниците ќе се снимат кратки видео пиеси во кои учество ќе земат децата, а кои ќе бидат јавно прикажани во рамки на забавната емисија Тинтири Минтири Шоу чија шеста сезона се емитува на Канал 5.

Пријавувањето е отворено за сите заинтересирани.

drama-school

Термини: 24 и 31 октомври

Време: 18.00 – 19:00 часот

Локација: дворот на ООУ Блаже Конески

summer_camp_4_glaol6

Работилниците се дел од проектот „Влези во филм“, кој е поддржан од Општина Аеродром. Учеството е бесплатно.

Пријавувањето се врши со пополнување на ФОРМАТА по што ние дополнително ќе ве контактираме.