Овој курс со времетраење од 12 недели има за цел да теоретски и практично да ги внесе учесниците низ процесот на создавање на краткомеражниот филм „Телефонски повик“, почнувајќи од сценарио па се до филмска премиера. Курсот е наменет за тинејџери од 13 до 17 години., а го организираат филмската продукција Аурипигмент и филмското училиште Тинтири Минтири.

Што и како се работи

→ Вовед во основни и напредни знаења и вештини на филмската уметност

→ Основи на глума, сценарио, режија, работа со камера и монтажа

→ Работа на професионален филмски сет

→ Хибриден наставен модел

→ Снимање на краток филм со професионални актери

→ Работа во мала група во голем простор и на отворено, согласно здравствен протокол

Наставата се посетува два пати неделно и тоа:

  • еднаш во неделата со физичко присуство (60 минути) секогаш кога е можно на отворено и
  • една онлајн средба неделно (60 минути)
  • за снимањата договараме дополнителни термини

Цена на курс: 6.000 ден. на три месечни рати.

Премиера: јануари 2021 година
Курсот се реализира со користење на најсовремена филмска опрема од страна на професионална филмска екипа.

Главен ментор: м-р Кузман Кузмановски

kuzman_kuzmanovski_fotoКузман Кузмановски, магистер по филмска и тв режија, има 20 годишно искуство во работа со деца и тинејџери – како ментор за филм и педагог. Автор е на неколку кратки играни филмови (Исклучиво жолти лалиња, Трета зона и др.), долгометражниот игран филм Мејкинг Офф, играните серии Патувања со рабробил, Патувања со рабробус, Вистински приказни и голем број документарно играни филмови. Работи како самостоен ументик во сферата на аудио-визуелните уметности. Директор е на два меѓународни филмски фестивали – меѓународен филмски фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест (9 изданија) и меѓународен филмски фестивал за деца Тинтири Минтири Филм Фест (2 изданија). Од 2002 до денес е раководител и ментор на филмското училиште Тинтири Минтири. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и до сега има издадено 7 авторски книги.

Останати ментори: сценарист, актери, снимател

Сите заинтересирани можат да ја пополнат ПРИЈАВАТА, по што ќе ги контактираме во врска со протоколот и термините. Повеќе информации можете да добиете на тел. 078 30 21 61.

Погледете ги досегашните слични филмски и тв проекти од продукцијата.