На 2-ри, 3-ти и 4-ти јануари 2023 година, токму во периодот пред Божикните празници, организираме тридневен филмски камп на кој може да учествува секое дете што сака да ја почувствува убавината на празникот и да помине незаборавни моменти на едукација и забава. Филмскиот камп е наменет и за почетници и за деца со искуство, за сите кои имаат желба да научат, да учествуваат, да стекнат искуство и да ги продлабочат своите знаења за вештината на создавање на филм. Сето тоа на интересен начин, со многу дружба и смеење. Може да се пријават сите заинтересирани на возраст од 6 до 14 години.

Термини и време на филмскиот камп:

2-ри, 3-ти и 4-ти јануари 2024 година, секој ден од 10.00 до 16.00 часот.

Активности:

  • Анализа на сценарио
  • Поделба на улоги
  • Подготовка на текст и дијалози
  • Работа со актер
  • Актерски вежби за говор и дијалози
  • Снимање
  • ТВ премиера

Што добивате

Децата се згрижени од 10.00 до 16.00 часот. Добиваат грицки, сокчиња и овошје. Работат со искусни професионалци и педагози на краток игран филм. Сите активности се интерактивни, со активно вклучување на децата преку игра. Верификација на сработеното преку премиера.

Придобивките од учество во еден ваков проект за децата се неброени: развој на тимска работа (зошто снимањето на филм пред сѐ е тимска вештина), развивање на креативно размислување и раскажувачки афинитети, фокус и концентрација (кои се неопходни во секој сегмент од снимањето), развивање на актерски вештини, спонтаност, градење однос кон камера – која учиме да ја прифаќаме и да не нѐ плаши нејзиното присуство, градење на самодоверба и сигурен настап, вежбање на дисциплина (со запазување на сите педагошки мерки), верификација на трудот (премиерата е најдобриот начин да се верифицира тоа што го сработиле) и уште многу друго.

За оваа приказна да биде целосно заокружена, филмот „Божиќна бајка“ ќе ви го прикажеме токму на денот на Христовото Раѓање – Божиќ, со премиерно емитување на телевизија во рамки на празничната емисија на Тинтири Минтири Шоу на 7-ми јануари 2024 година во 10.30 часот на Канал 5 телевизија.

Повеќе информации и пријавување на ЛИНКОТ.