Кога размислувате за запишување во актерско училиштe, можеби
очи ви излегува следнава слика: група самоуверени деца кои со сите сили се обидуваат да направат кариера во Холивуд и да станат телевизиски ѕвезди. Се прашувате каков тип на деца посетуваат училиште за глума и дали вашето дете ќе се вклопи во оваа средина?
Еве одговори на вашите дилеми.
 3

За самодовербата кај децата

Актерско училиште го посетуваат и срамежливи и самоуверени деца, деца кои сакаат индивидуална работа и оние кои уживаат да бидат дел од групата, деца кои имаат голема самодоверба и оние кои не се сигурни во себе.

Актерското училиште е директен начин детето да се вооружи со одредени вештини кои ќе му бидат полезни во голем број животни ситуации. Една од најважните придобивки секако е самодовербата.

Постојат деца кои се чувствуваат непријатно и нервозно кога треба да зборуваат пред поголема група деца. Непријатното чувството често е присутно и кај оние кои можеби не делуваат несигурно на прв поглед. Впрочем, колкумина од нас возрасните стануваат нервозни кога се подготвуваат за состанок на кој треба да имаат некаква презентација, или при подготовка на интервју за работа?
Токму овие ситуации се нешто што може да се реши и вежба на часовите по актерство. Вежбите и игрите што се реализираат на скоро секој час ги ставаат децата во ситуација слична на гореопишаната – поттикнуваат спонтаност и оригиналност во реакциите. Кога детето ќе се најде во слична животна ситуација – да прави презентација, да се бори за некоја идеја или интерес на групата, тоа ќе ја препознае матрицата од вежбите работени на часовите по глума и чувството на самодоверба се појавува спонтано.
 jas 4
 
Тимска работа
Некои деца уживаат да работат во друштво, додека одредени други се индивидуалци и избегнуваат тимска и групна работа. На часовите по актерство тимската работа е во центарот на вниманието. И најсамоуверените, кои преферираат сами да ја завршат работата, и оние кои имаат чувство дека не се вклопуваат во групата, се ставени во ситуација да мораат да соработуват со други за да имаат успешен настап.
Замена на улоги
На часовите по актерство децата постојано се ставаат во голем број ситуации со кои немаат можност да се соочуваат секојдневно. Ова е вредно искуство кое ќе им помогне да се снајдат секогаш кога ќе се најдат во нова животна состојба, а ќе ја препознаат од часовите по глума. И едноставно, ќе реагираат подготвено, како на веќе позната ситуација.
 za youtube trcaj
Забава и релаксација
Ова е секако нешто што е придобивка во секојдневието на денешното дете, со оглед на бројните стресни ситуации со кои се соочува во училиште и во семејството. Релаксација, хумор и добра забава – нешто што го прави среќно и задоволно секое дете.
Повеќе за уписите во нашето филмско училиште Тинтири Минтири можете да дознаете тука.