Популарниот македонски актер Дејан Лилиќ ќе одржи мастерклас со членовите на филмското училиште Тинтири Минтири. На часот, меѓу другото тој ќе зборува за техники за справување со трема при јавен настап и техники на дишење.
Настанот ќе се одржи на 1 февруари во 11.00 часот во просториите на Тинтири Минтири, кога и ќе започне наставата во зимскиот семестар.
Дејан Лилиќ е еден од најпопуларните македонски актери со меѓународна филмска и театарска кариера, како и добитник на престижни награди.
Часот е отворен за сите членови на Тинтири Минтири и препорачуваме присуство на сите кои се во можност да го посетат.