Членовите на Тинтири Минтири снимија филмска авантура која наскоро ќе можете премиерно да ја гледате.

Станува збор за група деца кои се впуштаат во необична авантура! Патувањето низ времето се чини интересно. Но, ништо не е така едноставно. Зли луѓе го бараат богатството, а децата заглавуваат во времето. Ќе успее ли временската полицајка да ги спаси?

Снимањето на филмот се одвиваше летоска. Филмот е во фаза на постпродукција.

Погледнете го трејлерот на филмот.