Насмеани деца, возбудени родители, среќа и гушкање – таква беше атмосферата на премиерата на краткиот игран филм „Мисија Јајце“ кој на 9 ноември 2023 година премиерно се прикажа во Кинотека на Македонија. Во филмот актерско учество земаа тринаесет дена на возраст од 6 до 11 години. На некои ова им беше прво искуство пред камерите, додека други зад себе имаат неколку години искуство во снимање. Актерот Александар Микиќ ја играше улогата на таткото.

Снимањето беше незаборавно искуство, а придобивките за децата се неброени: развој на тимска работа (зошто снимањето на филм пред сѐ е тимска вештина), развивање на креативно размислување и раскажувачки афинитети, фокус и концентрација (кои се неопходни во секој сегмент од снимањето), развивање на актерски вештини, спонтаност, градење однос кон камера – која учиме да ја прифаќаме и да не нѐ плаши нејзиното присуство, градење на самодоверба и сигурен настап, вежбање на дисциплина (со запазување на сите педагошки мерки), верификација на трудот (премиерата во кино сала е најдобриот начин да се верифицира тоа што го сработиле) и уште многу друго.

Децата знаат да се радуваат на успех повеќе од нас возрасните, за што сведочат фотографиите во прилог.