Филмското училиште Тинтири Минтири организира натпревар за монолози за деца и млади. Доколку имате од 5 до 18 години, можете да се пријавите и да учествувате! Натпреварот е наменет и за почетници и за деца со актерско искуство.

Потребно е да подготвите еден монолог со времетраење од една минута. Монологот можете сами да го напишете, или да гo преземете од друг автор.

Што е монолог?

Монолог е актерска точка во која актерот на глас ги изразува своите внатрешни чувства и мисли, а честопати му се обраќа на некого во публиката или на некој замислен карактер.

Сите монолози ќе бидат снимени и објавени, а за најдобрите изведби ќе одлучи комисија составена од актери и режисери. Ќе се доделува и награда за монолог кој има најмногу споделувања на Фејсбук и на Инстаграм. Сите учесници ќе добијат дипломи за учество, а најдобрите изведби ќе добијат и награди.

Натпреварот ќе се организира во 3 категории: деца од 5 до 9 години, деца од 9 до 11 години, деца и млади 12+

Дата: 28.03.24 (четврток) 18.00 часот

Место: Тинтири Минтири

Пријавувањето може да го направите на овој ФОРМУЛАР.

Подолу можете да погледнете изведби од поранешните натпревари.