Во периодот од 8 до 12 јануари 2024 година филмското училиште Тинтири Минтири организира зимски филмски камп во Крушево.

Во период од пет дена група деца ќе добијат незаборавно филмско искуство во Крушево, опкружени со чист воздух и преубава природа на надморска височина од 1250 метри, со 24/7 надзор од тимот на Тинтири Минтири. Филмскиот камп е наменет за деца од 6 до 14 години, со и без досегашно актерско искуство. Сместувањето ќе биде во „Етно вила Крушево“ во центарот на Крушево. Види ТУКА. Во цената се вклучени три оброци на ден за секое дете, ужинки и овошје, како и транспорт од Скопје до Крушево и назад.

Организација на активности:

8 јануари (понеделник)

08.00 часот поаѓање

10.30 сместување

11.30 разгледување на околината, кратка прошетка

13.00 ручек

14.00 филмска работилница за сценарио и дијалози

16.00 одмор, слободни активности

18.00 филмска работилница за сценарио и дијалози

20.00 вечера

22.00 легнување

9 јануари (вторник)

07.30 будење

08.00 појадок

09.00 филмска работилница, вежбање на дијалози и однос кон камера

11.00 прошетка

13.00 ручек

14.00 филмска работилница

16.00 слободни активности, прошетка

18.00 филмска работилница, подготовки за снимање

20.00 вечера

22.00 легнување

10 јануари (среда)

07.30 будење

08.00 појадок

09.00 снимање во ентериери и екстериери

12.00 ручек

13.00 снимање во ентериери и екстериери

19.00 вечера

20.00 подготовки за снимање за следен ден

22.00 легнување

11 јануари (четврток)

07.30 будење

08.00 појадок

09.00 снимање во ентериери и екстериери

12.00 ручек

13.00 снимање во ентериери и екстериери

20.00 вечера

22.00 легнување

11 јануари

07.30 будење

08.00 појадок

09.00 снимање во ентериери и екстериери

12.00 ручек

13.00 снимање во ентериери и екстериери

19.00 вечера

20.00 подготовки за снимање за следен ден

22.00 легнување

12 јануари (петок)

07.30 будење

08.00 појадок

09.00 пакување

10.00 тргнување

11.00 снимање на сцени по пат

12.00 ручек

16.00 пристигнување во Скопје

Содржини што ќе се работат:

  • основи на актерска игра, основно и напредно ниво
  • работа на дијалози и на филмско сценарио
  • градење однос кон камера
  • работа со актер
  • практична работа пред камера
  • Актерски вежби за говор и дијалози
  • Кино и ТВ премиера во март 2024 година

Краток синопсис на филмот „Зимска мистерија“: Поттикнати од една интересна локална легенда, група деца на зимовање во Крушево започнуваат потрага по богатство, следејќи низа траги и знаци скриени во традиционални македонски симболи. Додека потрагата трае, ти е ги истражуваат обележјата на градот среќавајќи интересни карактерти кои со нив споделуваат необични приказни кои ги водат до богатството.

Придобивки:

Со вклучување во филмскиот камп децата ќе развијат низа вештини:

  • основни технички вештини во филмската сфера како работа на сценарио, дијалози, креативно изразување, дикција и правоговор, однос кон камера
  • развој на меки вештини: самодоверба, лидерски вештини, тимска работа, комуникација, решавање на проблеми и

Едукативниот филмски камп ги развива комуникациските вештини меѓу децата на високо ниво – на филмскиот сет се секогаш присутни повеќе од 10 луѓе. Режисерот им се обраќа и им дава инструкции, им ја објаснува својата визија за филмот, а сето тоа децата треба да го применат. Во случајот тимската работа е клучна за да функционира снимањето. Во непредвидени ситуации како што се ненадеен дожд, снег на снимање или звуци од околината кои го попречуваат снимањето на тон, учиме како да решаваме проблеми и да се прилагодиме на ситуацијата на креативен начин, без притоа да се изгуби на квалитет. Не помалку важно, секое снимање во Тинтири Минтири е исполнето со возбуда, смеење и забава со што постигнуваме ентузијазам и радост кај децата во секој сегмент од работата. Најпосле, вложениот труд ќе добие своја потврда на кино премиера на која ќе им бидат доделени дипломи на сите учесници и на која ќе можат да ја почувствуваат магијата на успешно завршен проект.

Откако еднаш ќе ги увидите предностите на учество во едукативен филмски камп, ќе знаете дека овој вид на активност е еден од најефективните начини на учење на животни вештини кај децата.

Повеќе информации и пријавување ТУКА.