Бадник 2024! ?
6-ти Јануари (сабота), 11 часот, Градски плоштад – Скопје:

  • ЗЛАТНА ЅВЕЗДА за секое дете и
  • ЗЛАТЕН КОНЦЕРТ со Златните славејчиња и македонските поп-ѕвезди.

? По краткиот концерт, ќе ја оформиме најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост ќе се упатиме кон Соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” каде што традиционално сите коледарчиња ќе бидат пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.

✨ И во сите останати градови и населени места во Републиката, на 6-ти јануари ќе ечи ,,Вечниот Бог”. Децата како симбол на Ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање!

? Зарем се пропушта вакво нешто?
? Сите во поворка!

Бадникови Поворки 2024

ПОЧУВСТВУВАЈ РАДОСТ!