На 29 септември 2022 во просториите на нашето филмско училиште Тинтири Минтири премиерно се прикажа урбаниот тинејџерски филм „Моето Скопје“, кој се снимаше за време на истоимениот едукативен летен филмски камп во јуни.
Во филмот зедоа учество 11 млади кои несебично го вложија својот труд и талент за да го создадеме филмот.
За време на кампот актерот Роберт Ристов одржа работилница за тоа како се гради филмскиот лик и како полесно да ги одиграат своите улоги.
Режисерот и педагог Кузман Кузмановски одржа работилници за филмско сценарио, филмски дијалог и однос кон камера.
Воспитната и образовната цел на кампот ја верифициравме со јавно прикажување на филмот „Моето Скопје, на кој присуствуваа учесниците и кои можеа да го видат финалниот продукт во форма на краток игран филм на платно.
Наскоро филмот ќе биде достапен и на пошироката јавност.
Проектот „Моето Скопје“ е поддржан од Град Скопје.
Изразуваме благодарност до Аурипигмент продукција и до КОЛИД ФУД, кои несебично ни помогнаа за реализација на филмот.