➡️ „Сила, а не насилство“ е проект против врсничкото насилство❗️ Оваа година сработивме интересен филм на тема поврзана со булинг, според идеја и во целосна реализација на нашите членови.
➡️Секој имал искуство поврзано со меѓуврсничкото насилство. Некој бил во улога на жртва, некој бил сведок или набљудувач, додека некој – насилник или соучесник на насилникот. Но треба да сме свесни дека проблем постои и дека единствен начин да се реши е отворено да се зборува за тоа.
✅ Создадовме сценарио кое реалистично го отсликува секојдневието на младите во Македонија. После долги дискусии и полемики, се согласивме на финален драфт на сценариото во кое сметаме дека нудиме решение барем на дел од проблемите и отворено зборуваме на темите за кои се уште не се зборува доволно, а кои предизвикуваат толку болка и несреќа меѓу младите. Очекувајте ја премиерата наскоро!
Проектот е со поддршка од Град Скопје.