Во прилог е распоред на снимање на филмовите што ни се дел од годишната програма како завршни активности со сите членови.
Со малите групи завршивме, ни остануват филмовите со средните и големите групи. Поголемиот дел од снимањата се во работни денови и децата би требало да отсуствуваат од училиште, за што ќе им дадеме оправдание ако треба.
Ве молам да не информирате за закажани школки екскурзии што се поклопуваат со термините подолу. За евентулни измени во распоредот од наша страна дополнително ќе ве известиме.
5 и 8 мај – „Мотив за промена“ (групата од 15.00 ч. сабота)

11 мај (ако треба и 12 мај) – „Prank War“ (групата од четврток 19.30 ч.)

18 и 19 мај – „Апокалипса“ (групата од 17.00 ч. сабота)
25 и 26 мај – (или можеби само еден од овие денови) „Волшебното пенкало“ (групата од 13.00 ч. сабота)
29 мај  – филм со групата од 11.00 сабота
1 и 2 јуни – „Три“ (со групата од 19.00 ч. сабота)