Проектот „Сила, а не насилство“ предвидува организирање на работилници за млади од 14 до 16 години од Скопје.

Со цел превенција и спречување на разните видови насилство во средните училишта, организираме серија работилници наменети за средношколци од прва и втора година средно образование.

Клучни прашања што ќе си ги поставиме со проектот „Сила а не насилство“ се:

  1. Како да се детектира силеџиството во училиште и надвор од него?
  2. Што ја поттикнува оваа појава?
  3. Како ефикасно да ја препознаете и да се справите со оваа појава?
  4. teenage-girls-bullying-in-class-1024x536

Во втората фаза на проектот, целта ни е да ја запознаеме пошироката јавност со овој проблем и неговите негативни последици. Во таа насока, под менторство на сценарист, режисер и психолог со учениците ќе се изработат кратки видео клипови кои ќе бидат јавно прикажани. Намерата е да се влијае на намалувањето на овој горешт проблем.

Во оваа фаза менторите на проектот ќе ги воведат учесниците во структура на сценарио, актерска игра и режија. Темите што ќе се работат ќе бидат поврзани со насилство и сајбер насилство и ќе произлегуваат од самите деца учесници. Содржините ќе бидат снимени во вид на тв етиди.

Сите заинтересирани можат да се пријават на ЛИНКОТ.

Работилниците ќе се одржуваат во просториите на КЦ Тинтири Минтири.

По пријавувањето дополнително ќе ги контактираме заинтересираните околу термини и локацијата за одржување на работилниците.

Силата е во себеунапредувањето, во креативниот израз, во стекнувањето знаења и вештини.

Проектот е во реализација на Креативниот центар Тинтири Минтири, продукциската куќа Аурипигмент, а е со поддршка од Град Скопје.