На 29 септември 2022 во просториите на нашето филмско училиште Тинтири Минтири премиерно се прикажа урбаниот тинејџерски филм „Моето Скопје“, кој се снимаше за време на истоимениот едукативен летен филмски камп во јуни.

Screenshot_7

Во филмот зедоа учество 11 млади кои несебично го вложија својот труд и талент за да го создадеме филмот.

За време на кампот актерот Роберт Ристов одржа работилница за тоа како се гради филмскиот лик и како полесно да ги одиграат своите улоги.

289748127_10159541580811141_7689668470023755350_n

Режисерот и педагог Кузман Кузмановски одржа работилници за филмско сценарио, филмски дијалог и однос кон камера.

Воспитната и образовната цел на кампот ја верифициравме со јавно прикажување на филмот „Моето Скопје, на кој присуствуваа учесниците и кои можеа да го видат финалниот продукт во форма на краток игран филм на платно.

DSC01777

Наскоро филмот ќе биде достапен и на пошироката јавност.

Проектот „Моето Скопје“ е поддржан од Град Скопје.

Изразуваме благодарност до Аурипигмент продукција и до КОЛИД ФУД, кои несебично ни помогнаа за реализација на филмот.