Дали луѓето се раѓаат со харизма или секој може да ја научи уметноста на „привлекување на внимание“?
Ја нарекуваат и X фактор, дарба, талент и ѕвезда. Зборот потекнува од грчкиот збор што значи „подарок“. Без неа не можат политичарите, пејачите и актерите. Ја посакуваат сите што имаат професии каде е вклучена публика и каде е потребна јавна презентација.
Сигурно сте забележале како одредени луѓе во друштво се издвојуваат од останатите. Не постои точно одредена причина за тоа, едноставно „очи не можат да се одвојат од нив“. Начинот како се смеат, како зборуваат, дури и како гледаат, зрачи со магија на привлечност.
Долго време се сметало дека харизмата е вродена и дека не може да се научи во текот на животот ако не сме родени со неа. И навистина има луѓе кои едноставно така се раѓаат или како што во народот се вели: „имаат ѕвезда“.
Но, според новите истражувања, харизмата е нешто што може да се вежба и да се развива. Познат е примерот на мега популарната Мерлин Монро, која успевала да направи разграничување меѓу себеси како Мерлин Монро, жена што зрачи со шарм, и нејзиното алтер его – Норма Џин Бејкер, жена која никој не ја приметува кога се движи по улица. Монро за миг умеела да се трансформира и од најнезабележителен минувач да се претвори во ѕвезда по која сите се вртат.
Психологот Оливиа Фокс Кабане тврди дека харизмата може научно да се прикаже и контролира. Примерот со Мерлин Монро, вели таа, е доказ дека харизмата не е вродена особина и дека со волјата може да се влијае на неа.
“Потребно е само да се научи како да се биде хемичар со сопствениот мозок,” објаснува таа. “Доколку можете да го исполните организмот со окситоцин (т.н. љубовен хормон) кога ќе посакате, говорот на вашето тело ќе се трансформира. Луѓето едноставно ќе сакаат да бидат блиску до вас. Според неа, потребни се три повеќечасовни сесии за да се направи трансформација на една личност од конвенционална во личност што зрачи со „магнетизам“.
Целосниот, или она што Кабане го нарекува „присуство“, е витална компонента на харзмата. Ќе забележите дека харизматичните луѓе честопати толку се фокусираат кон оној кому му се обраќаат, што прават да се чувствува дека едиствено тој е присутен.
Ова звучи едноставно да се каже, но не е толку лесно да се изведе. Имено, нашиот мозок многу лесно се де-фокусира. Мозокот многулесно го регистрира секој стимулус кој доаѓа од страна. Порано луѓето морале да бидат внимателни заради непријателите. Во денешно време бомбардирани сме со електроника. Според неодамнешно истражување на Харвард, 50% од времето на просечен човек минува во лутање. Оние луѓе што можат да го контролираат лутањето на мислите се многу ретки, и обично се харизматични.
Eве неколку правила што можат да ви помогнат да бидете харизматични:
1. Бидете присутни. Посветете им целосно внимание на луѓето. Ако ви лутаат мислите, обидете се да се концентрирате на физичка дразба, на пример на вашето дишење.
2. Изразете моќ и присност истовремено. Изградете став кој оддава сила (исправен грб, рамена широко отворени) и фокусирајте се на неколку работи кои ви се допаѓаат кај соговорникот.
3. Подгответе се. Ако сте природно срамежливи, добро подгответе се пред некоја важна интеракција – сетете се на момент кога сте се чувствувале сигурни во себе.
4. Дозволете да бидете ранливи. Постои тенка линија меѓухаризматичен и застрашувачки став. Затоа дозволете им на другите да ги почувствуваат вашите слабости кои секако ги имате.
5. Се е во гласот. Создадете атмосфера на доверба зборувајќи во темпо и спуштајќи на интонацијата на крајот од реченицата. Или уште поедноставно: насмејте се!
Повеќе за тоа како се привлекува и задржува вниманието на луѓето може да се научи на актерските вежби во филмското училиште Тинтири Минтири.
Преземено од http://www.telegraph.co.uk/