На почетокот на овој месец на брегот на Охридското Езеро се сними филмот за деца Паника на бродот. Во филмот главните улоги ги играат актерките Билјана Јовановска и Емилија Мицевска, како и четиринаесет деца членови на филмското училиште Тинтири Минтири.
Станува збор за филмска авантура во која е киднапиран брод на кој патува група деца. Режисер е Кузман Кузмановски, а кинематографер е Марко Петрушевски. Филмот е во продукција на Аурипигмент и филмското училиште Тинтири Минтири.