Организираме филмска работилница, само неколку дена пред да почне новата учебна година!

Ако имаш од 10 до 15 години, ако те интересира филм, глума, камера или едноставно сакаш да пробаш нешто ново – овој повик е за тебе!

Тинтири Минтири организира бесплатна филмска работилница за деца и млади. Не ти треба претходно искуство. Доволно е да си љубопитен и да имаш желба да бидеш дел од нашата филмска екипа.

Што ќе се случува?

Ќе дознаеш:

👉 како една идеја станува филм

👉 што е тоа филмско раскажување

👉 актерска игра пред камера

👉 што значи да се биде дел од филмски тим

и уште неколку филмски трикови што не се учат од TikTok

А веднаш по работилницата ве очекува филмска вечер – проекција на кратки филмови создадени од деца.

📅 Кога? – Сабота, 29 август во 18:00 часот

📌 Локацијата ја откриваме наскоро.

Бројот на места е ограничен. А кога ќе се наполни групата, ја затвараме пријавата. Затоа пријави се со време на овој ЛИНК https://forms.gle/4X7UGj1hGs4yXv3V8 или пиши ни во порака, а ние ќе ти потврдиме. За малолетни учесници е потребна согласност од родител/старател на лице место.

Оваа работилница е дел од проектот „Тинтири Минтири слетува во Аеродром“ на Креативен центар Тинтири Минтири кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Тинтири Минтири слетува во Аеродром“ е кофинансиран од Општина Аеродром. Партнер во проектот е Здружението АРТ КУЛТ-УРА!