Во периодот од 25 до 28 декември 2019 година во театар Комедија се играше театарската претстава „Најубавиот подарок за Божик“.
Претставата се одигра пред повеќе од 3.000 деца и до нив допре Божикната порака за мир, љубов и добра воља меѓу луѓето.
Во претставата играа Марина Поп Панкова и Дејан Лилиќ, како и децата членови на филмското училиште Тинтири Минтири, а е во режија на Кузман Кузмановски.
Им благодариме на Винчини што го засладија доживувањето на публиката со прекрасни слатки изненадувања за секое дете.
Мал дел од атмосферата што владееше на претставата можете да видите на фотографиите подолу.