Скијање на вода, качување на зграда, улична тепачка… замислете овие возбудливи активности да се дел од вашата кариера. Станува збор за професијата – филмски каскадер. Кога се зборува за оваа професија, важно е да се знае дека за да се биде каскадер не значи постојано да се ризикува со животот, туку да се најде начин да се справиш со ризиците и да останеш физички неповреден додека работиш.
Развивање на вештини
Еве еден совет ако би сакале да се испробате во оваа професија. Развивајте широк опсег на вештини. Специјализирањето во одредени вештини е клучно за да се стане каскадер. Колку повеќе сте запознаени со поголем број вештини, толку повеќе ќе добивате улоги за кои се потребни повеќе вештини. Еве кои вештини се најпотребни:
– Борење: нивоа на боречки вештини
– Падови: способност да паднете од различни висини
– Јавање и возење: високо ниво способности на возач на коли и мотори или за јавање коњи.
– Флексибилност и сила: Гимнастички вештини и вештини за алипинизам
– Пливање и нуркање: нуркање, подводни акробации, и добро пливање
– Разни спортови: мечување и сл.
– Научете го жаргонот на каскадерската професија. Ако некој почне да ви зборува на тема поврзана со каскадерството, еве неколку термини чие значење треба да го знаете:
- Работа со висечка опрема (wirework). Можност да се користат појаси, јажиња, заштитни елеци и друга опрема со цел изведување на воздушни акробации што вклучуваат паѓање и летање
- Гимнастички акробации
- Падови од висина. Способноста на пад од голема височина без да има повреда. Постојат техники на паѓање кои треба да ги совлада секој каскадер.
- Мечување: вештина на користење мечеви, ножеви и друго оружје за време на борба.
- Јавање и други активности инстовремено: Способноста да се јава коњ додека се изведуваат други трикови – паѓање, скокање на коњ, мечување за време на јавањето.
- Користење воздушна рампа: уред што користи компресиран воздух и хидраулика за да катапултира каскадер во воздухот. Обично се користи за да се постигне ефект на експлозија
Постојат училишта за филмски каскадери каде се врши специјална обука и усовршување на разни вештини.
Работа со ментор
Ако познавате каскадер на кој му се воодушевувате, без разлика кои се неговите вештини, ако можете одберете го за свој ментор. Може да го прашате за совет и насоки во работата.
Повеќе за уписите во филмското училиште Тинтири Минтири можете да видите тука.