Започна пријавувањето на филмови за филмскиот фестивал за деца Тинтири Минтири Филм Фест, чие трето издание ќе се одржи од 9ти до 10ти јуни 2017 година во Кинотека на Македонија.

Право да се пријават  имаат сите филмови за деца во две основни категории:

–  професионални филмови за деца и

– филмови изработени од деца.

Делата можат да бидат направени во било која техника и во било која земја во светот, а завршени по 31 декември 2015 година, а кои претходно не биле пријавени на овој фестивал. Пријавените филмови можат да бидат кратки (до 25 минути) или долгометражни филмови (до 120 минути).

Краен рок за праќање на материјалите е 15 април. Пријавувањето може да биде на мејлот kc.tintirimintiri@gmail.com, или преку филмската платформа FilmFreeway.

„Се обидуваме да поставиме фестивал во кој децата активно ќе земат учество. Децата како публика се веќе изградена категорија во цел свет, па и кај нас. Но, ние се обидуваме да изградиме една поинаква целна група – децата како творци на филмски содржини, како идни филмски професионалци, децата како создавачи на медиумски содржини, деца со свој став и мислење, деца кои имаат право да кажат што сакаат и како тие ја доживуваат реалноста. Ова е фестивал од деца и за деца“, вели м-р Кузман Кузмановски, директор на фестивалот.

Тинтири Минтири Филм Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со Кинотека на Македонија и со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје.

„Со висококвалитетната селекција на филмови изработени од деца, Тинтири Минтири како фестивал, но и како филмско училиште станува платформа која ги обединува сите активности и идеи на полето на филмот и детето во Република Македонија “, вели Кузмановски.

Правилник

  1. Третото издание на „Тинтири Минтири Филм Фест“ ќе се одржи во Скопје, Република Македонија.
  1. Датум и локација: фестивалот ќе се одржи во Скопје, Република Македонија, од 9-ти до10-ти jуни 2017.
  1. Главната цел на фестивалот е да обезбеди заедничка платформа на автори на филмови за деца, со цел прикажување на филмовите и едукација на децата преку филмови кои пренесуваат соодветна покрака; промоција на позитивни вредности, пријателство, семејни вредности и соработка меѓу луѓето, промоција на филмската уметност како специфичен уметнички израз и промоција на филмот кај децата како идни филмски професионалци.
  1. Фестивалската програма е сочинета од следните секции:

4.1. Отворена меѓународна напреварувачка секција на професионални филмови;

4.2. Селекција за филмови создадени од деца до 18 година

4.3. Тематски секции, специјални проекции, работилници и форуми.

  1. Организатор на „Тинтири Минтири Филм фест“ 2017 е Аурипигмент продукција во соработка со филмското училиште„Тинтири Минтири“ и Кинотека на Македонија.
  1. Филмови во официјална конкуренција можат да поднесуваат уметнички училишта, продуцентски компании, филмски институции, независни уметници и други компетентни лица. Исто така сите деца на возраст до 18 години кои самостојно изработиле филм имаат право да аплицираат на фестивалот. Апликантите имаат неколку опции за пријавување:

–              он лајн пријавување преку филмска платформа FilmFreeway (https://filmfreeway.com/)

–              преку фестивалската мејл адреса kc.tintirimintiri@gmail.com.

  1. Апликантите на избраните филмови за официјална селекција треба да го пратат филмот во HD резолуција и слики од филмот (во висока резолуција), синопсис, слика и биографија од режисерот.
  1. Пријавените филмови можат да бидат наменети за деца од сите возрасти.
  1. Фестивалот ги задржува правата за ги исклучи филмовите што можат да содржат содржини кои го навредуваат националното чувство, кои промовираат расна дискриминација или филмови кои се штетни за заедницата или за човештвото.
  1. Пријавените филмови можат да бидат изработени во било која техника (играни и анимирани) со времетраење до 25 минути за кратки филмови за деца и до 120 минути за дологометражни филмови за деца, а завршени по 31 декември 2015 година.
  1. Уметничкиот директор (селектор на фестивалот) заедно со Бордот на Фестивалот ја одредува листата на филмови во официјална конкуренција.
  1. Организаторите на Фестивалот го задржуваат правото да поканат филмови за кои сметаат дека се соодветни за програмата на фестивалот.
  1. Пријавувањето и учеството на Фестивалот не се наплаќа. Трошоците за поштенски услуги и набавка на материјали ги покриваат апликантите. Пријавените материјали не се враќаат.
  1. Краен рок за пријавување е 15 април 2017.
  2. Филмовите избрани во официјална селекција можат да бидат прикажани повеќе од три пати за време на Фестивалот.
  1. Апликантите се согласуваат да му ги отстапат на Фестивалот правата за бесплатно користење на филмовите за промотивни цели, во промотивни материјали, фестивалски публикации (печатени материјали, веб сајт и сл.) и за фестивалска промоција на сите медиуми, како и за ТВ прикажување поврзано со Фестивалот.
  1. Продуцентите на филмовите во официјална селекција се согласуваат да бидат организирани најмногу 9 прикажувања на филмовите во официјална селекција без надомест, по завршувањето на Фестивалот, во Македонија и во странство.
  1. Пријавувањето на Фестивалот значи прифаќање на Правилникот на Фестивалот.
  1. Организаторите ќе одлучат за сите работи кои не се вклучени во Правилникот.

Официјална адреса на Фестивалот:

Ул. Венијамин Мачуковски

17/1-1  1000 Скопје

Република Македонија

e-mail:  kc.tintirimintiri@gmail.com

Контакт телефон:

+389 78 30 21 61

web site:  www.tintirimintiri.mk