Тимот на Тинтири Минтири им честита на сите учесници во натпреварот, кој заврши во недела (08.01.2017) во 21.00 часот. Воедно ги потсетува дека ова филмско училиште натпреварите ги организира пред сè за добра забава и поттикнување и развивање на талентите на децата.
По неколкудневното гласање за најпопуларен монолог на Фејсбук, ги добивме победниците од натпреварот. Според преброените гласови по повеќе основи за мерење на популарност (допаѓања, споделувања и коментари на Фејсбук и прегледи на Јутјуб), најмногу гласови освоија: Јелопи Седеу Нишевиќ и Филип Ѓурчиновски. Најмногу прегледи на Јутjуб (над 1.000) имаа Филип Ѓурчиновски, Ивана Петковска, Антоанета Јорданова и Јелопи Седеу Нишевиќ.
Натпреварот за најдобра изведба на монолог е во организација на филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција од Скопје. Настанот се одвиваше во две фази – најдобра изведба на монолог пред жири комисија во состав Горан Трифуновски Пајак (актер), Александра Павлова (актерка) и Кузман Кузмановски (режисер) и втора фаза – гласање за најпопуларен монолог на Фејсбук (Facebook) и Јутјуб (YouTube).