На 2 октомври (петок) во 17.30 часот во Градскиот Парк ќе се одржи мастерклас за пантомима под менторство на актерот Кирил Трајковски – Максим. Работилницата е наменета за деца од 10 до 16 години.

Пантомимата е една од основите во актерството, поради тоа што ликовите се формираат преку гестикулации, фацијална експресија и движење во просторот. Имено, тоа се првите нешта што публиката ги забележува кај актерите на сцена.

156425_10151108038532864_69149239_n

Сите заинтересирани треба да се пријават со задолжително пополнување на ПРИЈАВАТА.

Учеството на работилницата е бесплатно. Бројот на учесници е ограничен и заради тоа ќе можат да присуствуваат само првопријавените, за што ќе добијат и-мејл со потврда од наша страна.

Во најава е убаво време во петок, но во случај на врнежи работилницата ќе биде презакажана.

Мастеркласот е во организација на филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција, а со поддршка на Град Скопје.

1400531_674357685929723_1092318522_o

10939629_10203333367556811_576708171_o