Aко сте срамежливи и тоа ви претставува проблем во секојдневниот живот, еве десетина совети кои ќе ви помогнат да се снајдете со оваа ситуација.

Прв чекор. Разберете ја срамежливоста. Размислете за коренот на проблемот со срамот.  Срамежливоста обично има своја причина. Еве неколку можни причини за срамежливост:

  • Негативна слика за себе. Ова се случува кога имате негативен став за себе. Иако внатрешниот глас постојано ве критикува, најдобро е да се потрудите вие да му наредите што да каже.
  • Недоверба во комплименти. Без разлика дали вие мислите дека изгледате убаво, некој можеби искрено мисли така и ви дава комплимент. Во тој случај најдобро е да се заблагодарите и да го прифатите комплиментот. Не го убедувајте во спротивното оној кој ви подарил убав збор.
  • Преокупирани сте со тоа каков впечаток ќе оставите. Ова се случува кога премногу сме фокусирани на себе. Размислуваме за секое наше движење и збор, и мислиме дека и другите го прават ова. Растеретете се!
  • Другите ве нарекуваат срамежлив /а. Можеби кога сме биле помали сме биле срамежливи, но веќе сме созреале и не е таква ситуацијата. Сепак луѓето продолжуваат да не перцепираат како срамежливи. Потрудете се да ги разубедите и покажете им го спротивното.

Добра вест: каква и да е причината за вашата срамежливост, може да се надмине!!!

ac41f9b8-0555-11e5-_914809c

Втор чекор.  Прифатете дека сте срамежливи. Еден од првите чекори да се надмине некој проблем е да се прифати. Што повеќе се убедувате во спротивното, свесно или несвесно, потешко ќе преземете чекори за надминување. Ако сте срамежливи, прифатете го тоа.

Overcoming-shyness (1)

Трет чекор. Размислете за причините за срамежливост. Дали се срамите пред нови луѓе? Или кога учите нова вештина? Кога се наоѓате во нова ситуација? Кога не познавате никого? Обидете се да ги насочите мислите пред да почнете да се срамите.

Не во секоја ситуација се појавува срамежливоста. На пример, во семејството, во пријатна домашна атмосфера срамежливоста не се појавува. Запомнете, блиските луѓе не се поразлични од оние што не ги познавате. Разликата е во тоа што тие ви се познати, а и вие ним. Значи не е до вас, туку до ситуациите во кои се наоѓате.

shyness-to-strength-517x268-AV110331_cah001

Четврт чекор. Направете листа од ситуации кои прават да се чувствувате непријатно. Подредете ги така што тие работи што ве прават најмалку нервозни ќе бидат први, а тие што ви предизвикуваат најмногу нервоза  ќе бидат последни. Вака поставен список изгледа како задача која ќе треба да ја исполните.

Добро размислете кога ќе ја составувате листата. Дали чувствувате срам кога зборувате пред тие што имаат поголем авторитет од вас? Зборувањето со тој/таа што ви се допаѓа? Колку сте поконкретни, толку полесно ќе ви биде да ја препознаете ситуацијата и да работите на неа.

Hand Writing

Петти чекор. Преземете контрола врз вашите мисли. Мозокот работи слично како компјутер. Кога во одредена програма ќе се појави проблем, компјутерот го решава како што сме го програмирале да го прави тоа. Слично на ова, и нашиот ум може да биде програмиран. Во некоја рака програмирани сме уште од нашето детство да реагираме на одредени ситуации: да не зборуваме со странци, да не се качуваме на опасни височини, да не се приближуваме до опасни животни и слично. Честопати реагираме автоматски на начин кој ни доаѓа природно и оваа реакција може да не биде соодветна. Добро е што можете да ја смените реакцијата со ре-програмирање на вашиот ум. Еве неколку начини за ова да се направи:

  • Натерајте се себеси на акција. Потребна е вежба –  зборување во јавност, на пример,  за да се надмине проблемот со срамежливоста. Обидете се да го правите спротивното од она како би реагирале во вообичаена ситуација. Да речеме, кога се срамите во јавност, веројатно се повлекувате на потивко место, тоа е ваша стандардна реакција. Но, овојпат кога ќе почувствувате срам, вложете напор да го направите спротивното, да зборувате со луѓето и да не се повлечете. Можеби ќе се чувствувате многу непријатно, но обидете се на тој начин да се мотивирате – да вложите уште поголем труд. По некое време ќе сфатите дека негативните непријатни емоции ви помогнале, бидејќи ве мотивираме да вложите напор.

public-speaking

Шести чекор. Насочете го вашето внимание кон другите. 99% од нас стануваат срамежливи кога ќе  помислат дека ако станат и зборуваат пред други , ќе се посрамат. Затоа е важно да се фокусираме на другите, пренасочувајќи го внимание на друго место. Кога ќе престанеме да се фокусираме на себе, престануваме и да се грижиме како ќе излезе се на крај.

  • Најлесниот начин да го направиме ова е да се сконцентрираме на сочуство. Кога соочуствуваме со некого, престануваме да се грижиме за себе и се посветуваме на тоа да ги разбереме другите. Запoмнете, секој од нас води некаква битка – мала или голема. Да се потсетиме дека на секого можеме да му посветиме грижа.

3-chat-with-kids

Седми чекор. Визуелизирајте успех. Затворете ги очите и замислете ситуација каде ко која е можно да се засрамите. Сега замислете си дека сте полни со самодоверба. Правете го ова што почесто, за различни ситуации. Оваа техника дава најголем ефект  ако се прави секојдневно, особено наутро. Може да се чувствувате смешно, но знајте дека дури и спортистите користат визуелизација да ги развијат своите вештини.

child-speaking

Осми чекор. Вежбајте држење на телото. Кога се држите исправено, вашиот став му дава на светот слика дека сте полни со самодоверба. Ако се чувствувате отворено и пристапно, вашето тело ќе го следи тоа. Ова ќе влијае и врз вашиот мозок. Истражувањата кажуваат дека добро држење на телото (главата исправена високо, рамена назад и отворени раце) прави да се чувствуваме авторитетно, самоуверено и го намалува стресот.

xlarge_practice-in-front-of-mirror

Деветти чекор. Кога сте сами вежбајте да зборувате чисто и разговетно. Ова помага да се избегне потенцијалната срамежливост. Навикнувајте се да го слушате сопствениот глас!

  • Снимајте се како се преправате дека водите разговор. Звучи смешно, но ќе можете да забележите кога и зошто го намалувате гласот, а не сте свесни. На почетокот можеби ќе се чувствувате како актер, но тоа ќе прерасне во навика. Со вежбање се создаваат навики.

Десети чекор. Не се споредувајте со другите. Колку повеќе се споредувате, тоа може да ве направи уште посрамежливи.

  • Ако имате самоуверени другари или членови од семејството кои се сигурни во себе, разговарај со нив на оваа тема. Најверојатно ќе ви кажат дека и тие имале сличен проблем и дека со работа го решиле.

Повеќе за техниките и вежбите за  ослободување можете да научите и практикувате на часовите во филмското училиште Тинтири Минтири.