1. СЕКОГАШ РАБОТИ СО ТОА ШТО РАСПОЛАГАШ ВО МОМЕНТОТ. На пример, не пишувајте сцена во која треба да има гужва, но доколку се организира некој настан (на пример фестивал) во блиска иднина, искористете ја ситуацијата. Можеби има некоја уникатна работа до која имате пристап и ќе може да го искористите во филмот. Ако  некој ваш близок има трактор да речеме, напишете филм за тоа и искористете го.

1966x594_digitalfilm

2. НЕ МОЖЕШ ДА ГО ПОБЕДИШ ХОЛИВУД.  Ако пробате да имитирате некого, нема да постигнете ништо. Но, понекогаш дури и неуспехот може да биде оригинален и интересен. Најдобро е да направите нешто свое, нешто што другите не би имале храброст или идеја да го направат.

136186-425x282-acting-classes-for-teens

3. ПРОУЧУВАЈ ФИЛМОВИ. Многу грешки кои младите филмаџии ги прават, можат да се избегнат ако ги проучат своите омилени филмови. Одберете филм што го сакаш и гледај го со тивок звук. Внимавај на аглите на камерата, монтажата и осветлувањето. Гледај краток филм на Јутуб и види како добра приказна може да биде раскажана во само пет минути. Можеби на почеток нема да го добиеш истиот квалитет на продукција како на овие филмови, но да се научи филмаџискиот занает не чини ништо. Само треба да гледаш филмови.

a063bf56d2d479364e256aec1105cca2

4. МОТИВИРАЈ СЕ. Секој филм што го правите треба да ве научи на нешто што не сте го знаеле претходно. Ако не се надоградувате, ако не се трудите повеќе за секоја работа, не можете да напредувате.

5. НЕКА БИДЕ КРАТОК. Краток филм е секогаш подобра опција. Имајте го ова предвид кога го правите филмот и и направете го што пократок.

acting-audition-technique

6. ТЕСТИРАЈ ГО ФИЛМОТ. Покажувањето на филмот на публиката е еден од најдобрите начини да разберете каде грешите. Сепак, не се обидувајте да ја задоволите публиката по секоја цена и да правите филм што мислите дека ќе им се допадне. Доволно е да го гледате филмот со неколку луѓе во соба, за да гледате пообјективно на делото.

7. ЗАПАЗИ ГИ ОСНОВНИТЕ ПРАВИЛА. Публиката ќе ви ги прости техничките грешки во филмот ако приказната е привлечна, ако има добри дијалози и актери. Сепак, техничките грешки можат да влијаат на целокупниот впечаток што го остава филмот. На пример, во случај кога публиката нема пред себе чиста слика или да речеме има тонски проблеми. Затоа обрнете внимание на техничкиот момент. Научете ги основните правила за снимање. Дајте сѐ од себе за да снимите квалитетен тон, или доколку нема таква можност, направете филм без звук.

8. ПРИФАТИ ГИ ГРАНИЦИТЕ. Границите што се поставуваат кога правите филм кога сте на пример тинејџер, може често да ве обесхрабрат. Како да направите добар филм ако треба да снимате со непрофесионална камера и наместо со професионални актери, вашите другари ги имаат главните улоги? Прв чекор – променете го ставот. Ограничените можнисти нека ја развијат вашата креативност.

9. НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ. Ако ова веќе го знаете и применувате, на пат сте да станете добар филмаџија.

10. НЕ СЛУШАЈТЕ НИКОГО. Ова правило е спротивно на сите претходни. Холивудскиот сценарист Вилијам Голдман рекол дека “никој ништо не знае”. Тоа не значи дека треба да игнорирате се што ќе ви кажат, но доколку навистина сакате да остварите некоја идеја, не дозволувајте никој да ве предомисли. Направете го филмот онака како што го замислувате, а не како што мислите дека на другите ќе им се допаѓа. Најважно од сѐ, не ги слушајте  кога ви кажуваат дека не можете или не е возможно да направите нешто.