KidsClass3

Импровизацијата како актерска техника е претставува изведба на одредена актерска точка без претходна подготовка. Таа бара вклучување на имагинација, спонтаност и честопати со неа се создаваат впечатливи актерски изведби. На почетокот била наменета пред се за забава, но со тек на времето таа станала корисна алатка и метод за учење. Денес импровизацијата многу често се практикува во театрите и актерските училишта.

Првото правило на импровизацијата е дека сите деца се дел од групата без никакви исклучоци.  Уште едно важно правило, во импровизацијата не постојат грешки. За да може да се практикува успешно, децата треба да се убедат да не се плашат од грешки. Токму затоа за импровизација е потребна безусловна поддршка и градење на доверба во самата групата. Во моментот кога децата  ќе се почувствуваат самоуверено и ќе пристапат со доверба кон другите членови од групата, импровизацијата станува успешна и забавна активност.

Во процесот на имровизирање се „ловат“ ретки моменти во кои децата без никакви ограничувања творат, можат да блеснат во сета полнота на својот талент.

image1

Импровизацијата е особено корисна за деца кои појавуваат знаци на асоцијално однесување. Помага и кај децата со интелектуална и телесна попреченост и им го развива чувството за игра,  им овозможува на срамежливите деца да се ослободат од своите стеги.

Со често практикување на импровизацијата се создава поздрава клима во училиштата и  им помага на децата да бидат позитивни, слободни, креативни и дружељубиви.