Секојдневно сме сведоци дека има огромна потреба од тоа младешката деструктивна енергија да се трансформира во вистинска креативна сила. Врсничкото насилство е појава која води кон анксиозност, зависност и самоповредување меѓу младите. Проектот „Сила, а не насилство“ е обид да понуди решение на овој проблем. Сакаме да им предочиме на младите каде лежи вистинската сила и моќ – силата е во себе унапредувањето, во креативниот израз, во стекнувањето знаења и вештини. Во случајот на проектот „Сила, а не насилство“, ќе адресираме теми поврзани во врсничко насилство преку филмот како медиум.
Проектот „Сила, а не насилство“ ќе се одвива во неколку фази:
Септември / октомври 2023
Во соработка со неколку скопски гимназии, преку социјални медиуми и со печатени постери младите ќе се информираат за претстојните работилници за проектот „Сила, а не насилство“. Ќе се одржат отворени часови на кои ќе се разговара со сите заинтересирани ученици, ќе се направи детекција на нивниот интерес за драма и филм и нивните афинитети.
Филмски работилници на кои во соработка со ментори – сценарист, режисер, актери и психолог ќе се работи на филмски сценарија на тема – врсничко насилство. Ќе се работи на структура на сценарио, актерска игра, режија. Темите што ќе се работат ќе бидат поврзани со насилство и сајбер – насилство и ќе произлегуваат од самите деца учесници.
Октомври / ноември 2023
Снимање / продукција. Содржините ќе бидат снимени во вид на тв етиди. Со ова ќе се верифицира работата на менторите и децата.
ТВ етидите ќе бидат јавни прикажани на некој од националните телевизии.
Проектот е поддржан од Град Скопје.
Пријавувањето на учесници е на ЛИНКОТ.
Фотографии од проектот „Сила, а не насилство“ од мината година.