Ако сакате да си направите лажна рана или лузна за некоја домашна актерска точка, пранк или за маскембал, не мора да користите специјални филмски шминки, туку можно е да направите одлични рани со неколку работи што секој ги има дома. Подгответе ги предметите кои ви се потребни за да ја направите лажната рана. Ќе ви требаат следните работи:

– обичен бел  лепак,

– пудра,

– тоалетна хартија и

– неколку мали четки за шминка.

s

Проверете дали лепакот што го користите не е штетен за кожата, бидејќи ќе се нанесува директно на кожа. Користете пудра што одговара на вашиот тен, но може да користите и пудра што е потемна или посветла од вашата кожа, за да делува ефективно.

Искинете ја тоалетната хартија на парче малку подолго од должината на раната што планирате да ја направите. За рана на раката потребна е половина ролна тоалетна хартија, а за големи рани може да ви требаат до три тоалетни хартии.

Од тоалетната хартија искинете уште еден ист дел како претходниот. Ќе нанесувате најмалку два слоја од хартија и лепило на местото каде што ја правите раната. Нанесете лепак на местото каде што сакате да ја направите раната. Ставете малку лепило на мрсна хартија или во чаша и потоа со четка ставете ја на кожата.

Ставете ја хартијата на местото каде го нанесовте лепилото. Притиснете цврсто за да бидете сигурни дека тоалетната хартија е залепена. Оставете го лепакот да се исуши една минута. Кога хартијата ќе биде цврсто залепена, повторете го процесот. Со четка додадете уште еден слој лепак на тоалетната хартија. Покријте ја цела површина и потоа ставете уште еден слој хартија.

Со два слоја раната ќе изгледа добро, но додавање на повеќе слоеви ќе се добие ефект на подлабока раната. За подлабока исеченица, додадете од три до пет слоја. Нанесете лепило на рабовите од хартијата за да ја израмните раната. Кога двата слоја ќе се исушат, повторно нанесете лепило на рабовите за вашата рана да изгледа реално.

Текстурата од лепилото ќе направи убав ефект на рабовите на раната кога ќе нанесете шминка.

Ако хартијата има дефиниран раб и не сте нанеле лепило, раната нема да изгледа реално.

Користете фен за коса, за да го исушите лепилото побрзо.

Нанесете течна пудра за хартијата да се совпадне со вашата боја на кожа.

Израмнете ги рабовите со нанесување на пудра на кожата.

Користете пудра која одговара на вашата боја на кожа.

Исечете и скинете ја хартијата на средина за да добиете ефект на отворена рана. По нанесувањето на пудрата, со ножици исечете ја хартијата за да направите отвор.

14193730_1049028565214642_2132990002_n

Најдобро е да исечете само мал отвор. Кога веќе имате отвор, кинете и лупете го остатокот.

Не ја отстранувајте искинатата хартија. Со тоа ќе постигнете ефект на лупење на кожата. Ова ќе додаде длабочина на вашата лажна рана.

Нанесете шминка. Земете црвена, виолетова, и сива или црна сенка за очи и нанесете ја на кожа. Нанесете ја сенката за очи директно на кожата што ја откривте со кинење на хартијата. Да знаете, темната сенка дава ефект на модринка.

14218265_1049028561881309_908163124_n

Нанесете лажна крв на раната. Тоа може да биде и внимателно нанесена црвена боја. Со четка изработете за крвта да делува природно. Може да оставиме малку крв да протече од страните, за да добиете ефект на крварење.

14159958_1049028575214641_1079782619_n

Кога ќе сакате да ја отстраните раната, едноставно измијте го местото.

Погледнете ги фотографиите од часовите по филмска шминка во филмското училиштеТинтири Минтири.

Повеќе за уписите во филмското училиште Тинтири Минтири видете тука.