Алатот на актерите се чувствата. Понекогаш нивните емоции додека глумат се силни. Но честопати се случува актерот да има проблем да ги повика чувствата за да изведе актерска точка.  На пример, треба да одглуми емоција која дотогаш не ја почувствувал и не знае како да се однесува.  Со таа цел актерите користат разни методи за да си ги предизвикаат чувствата.

pegg-thinking-trek-wars

Еден метод е актерот да се сети на случка од минатото, со цел да ја почувствува потребната емоција за да може да ја одглуми. Кога ќе се присети на ситуација кога бил тажен, лут или весел, лесно може повторно да го одглуми потребното чувство.

Можно е да се повика одредена емоција  и без потсетување на минати случки.  Децата го прават ова постојано. Тие одлучуваат дека сега е добро време да плачат, па почнуваат да липаат. Мајките зачудено посматраат како нивното дете од расплачено одеднаш станува највесело.

afb289e5368b8cac4bbf7d02ba3e0100

Сите можат да повикаат одредена  емоција  во секој момент. Сите емоции се повикани, создадени. Тие не доаѓаат до вас од надвор.  Вие се одлучувате да се заљубите! Вие  одлучувате дали е нешто смешно или е тажно! Некој може да ве налути или ве расплаче само затоа што вие ќе го дозволите тоа. Одлучувате и за тоа дали ќе бидете среќни.

Актерот мора да е свесен за оваа способност, за да може да создаде емоција по потреба.

До емоција се доаѓа со вежба. Додека вежбате, треба да експериментирате со емоциите.  Почнете да вежбате, да ги вклучувате и исклучувате емоциите по наредба (по потреба).

ef4f709bc68fe7babea86339bbf3fd7f

Еве предлог вежба:  Одберете некоја сцена. Одберете си улога и најдете некој да ги чита другите улоги. Одберете една емоција која ликот би можел да ја почувствува – тага, бес, досада. За првиот обид, изберете негативна емоција, тага или лутина. Поминете ја сцената пет пати со вашиот партнер (или сами)  за да ја искажете САМО одбраната емоција, без разлика дали има смисла или не. Владејте ја емоцијата. Поставете контрола врз неа. Ќе видите  дека ако го правите ова постојано, емоцијата полесно и побрзо ќе ја повикувате. Направете го ова повеќе од пет пати. Потоа одморете пет минути. Следно одберете позитивно чувство, како надеж или вљубеност. Поминете ја сцената пак најмалку пет пати, користејќи ја само таа емоција, без разлика на смислата на текстот што го читате.

Actors-Table-Read-00511-1

Подготвени сте кога ќе почнете да ја повикувате  таа емоција по желба. Оваа вежба можете да ја правите со сите емоции. По одредено време практицирање ќе забележите дека не вложувате никаков напор кога сакате да повикате одредено чувство. Вашата алатка наречена емоција  е изострена  и подготвена за нови улоги.