Оваа сабота (15.02) во 11.00 часот во просториите на Тинтири Минтири ќе се одржи мастерклас со актерката Марина Поп Панкова и членовите на Тинтири Минтири.
Актерката ќе зборува за процесот во кој актерите се подготвуваат и го градат ликот што треба да го играат и ќе работи актерски вежби со присутните во врска со темата.
Ова е една интересна и многу практична тема, па затоа препорачуваме присуство на сите наши членови.
Марина Поп Панкова е актерка со големо театарско, филмско и телевизиско искуство. Таа е постојано активна на македонската уметничка сцена.
Дипломирала во 2002 година на ФДУ во клaсата на актерот Кирил Ристоски. Досега имала 35 театарски премиери. Актер е во осум филмови, меѓу кои „Сенки“, „Мајки“, „До балчак“, „Караула“, „Како убив светец“ и други. Поп Панкова игала улоги во осум телевизиски серии, меѓу кои Инсајдер, Преспав, Болка на душата и други. Учествувала во над седумдесет македонски народни приказни.