Кога тинејџерите имаат самодоверба и се отворени кон работите кои ги опкружуваат, тогаш се во можност подобро да се справат со тешките ситуации. Постојат повеќе начини да се изгради самодовербата во тинејџерските години. Еден од нив е со фокусирање на трудот наместо на резултатот.

Самодовербата е увереност во тоа дека ќе бидеш успешен во некоја ситуација или задача. Таа зависи од вербата во сам себе. Сепак кога децата се однесуваат самоуверено, не значи дека имаат самодоверба.

young woman looking into a mirror

Изградувањето на самодовербата кај тинејџерите е многу важно затоа што тоа ги поттикнува да донесуваат цврсти одлуки зад кои ќе застанат. Тинејџерите кои имаат самодоверба можат многу полесно да избегнат опасни ситуации и да се најдат во ситуации позитивни за нив.

Ако детето стекне самодоверба, станува позитивно, поупорно, со повеќе ентузијазам.

Еве неколку совети како родителот може да влијае на подобрување на самодовербата кај својот тинејџер.

Бидете практични. Гледајте на позитивните и практичните работи за тоа како вашето дете ќе ја подобри самодовербата и ќе ја зголеми шансата за успех .

1

Дајте му можност на детето да испроба нови работи.  На тој начин ќе  испроба многу нови работи и ќе може да види во што е најдобро и во што ужива. И што е најважно, ќе научи дека не може да се биде добар во сите работи.

Охрабрете го вашето дете за да не се откаже и да продолжи да се труди. Ако вашето дете не успее веднаш да изгради самодоверба,  охрабрете го да не се откажува бидејќи градењето самодоверба е подолг процес кој константно се надоградува.

Научете го детето да ги вежба социјалните вештини доколку се чувствува анксиозно во одредени ситуации. На пример, поставеноста на телото, начинот на смеење, однесувањето кон другите деца, сето тоа се учи. Покажете му како да покаже интерес кон одредена работа и како да биде поотворено за комуникација со другите деца.

dreamstime_15426571