Овој курс со времетраење од 20 недели има за цел да теоретски и практично да ги внесе учесниците низ процесот на создавање на краткомеражниот филм „Сестри“, почнувајќи од сценарио, па се до филмска премиера на големото платно. Курсот е наменет за тинејџери и млади од 14 до 20 години.

Вклучени активности: теоретска и практична едукација и работа – вовед во филм и филмско сценарио, структура на филм, развој на дијалози, основи на актерска игра, актерски вежби, вежби за ослободување пред камера, работа со ментор актер и режисер, вовед во филмска камера, процес на продукција на филм, постпродукција (монтажа, дизајн на тон и музика), филмска премиера на меѓународен филмски фестивал

На крајот од курсот учесниците ќе добијат комплетен краток игран филм кој премиерно ќе биде прикажан на меѓународен филмски фестивал.

Период на одржување на курсот: декември 2017 – мај 2018 (5 работни месеци, јануари 2018 е неработен)

Почеток на курс: 2 декември 2017 (сабота)

Место: Македонска телевизија

Возраст на учесници: од 14 до 20 години

Термин: секоја сабота 19.00 – 21.00 часот –  во периодот на снимање термините посебно се договараат

Кино премиера: јуни 2017 година

Цена на курс: 6.000 денари. Плаќањето може да се изврши на 5 еднакви рати. Тековно се доплаќа за ангажман на дополнителна екипа, костим, шминка зависно од потребите.

Курсот се реализира со користење на најсовремена филмска опрема од страна на професионална филмска екипа.

Информации и пријави на тел. 078 30 21 61 и на и-мејл kc.tintirimintiri@gmail.com

Главен ментор: м-р Кузман Кузмановски

kuzman_kuzmanovski_foto

Кузман Кузмановски, магистер по филмска и тв режија, има 15 годишно искуство во работа со деца и тинејџери – како ментор за филм и педагог. Автор е на неколку кратки играни филмови (Исклучиво жолти лалиња, Трета зона и др.), долгометражниот игран филм Мејкинг Офф, играните серии Вистински приказни,  Патувања со рабробил, Патувања со рабробус и голем број документарно играни филмови. Работи како самостоен ументик во сферата на аудио-визуелните уметности. Директор е на два меѓународни филмски фестивали – меѓународен филмски фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест (6 изданија) и меѓународен филмски фестивал за деца Тинтири Минтири Филм Фест (2 изданија).

Од 2002 до денес е раководител и ментор на филмското училиште Тинтири Минтири. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и до сега има издадено 7 авторски книги.

Останати ментори: сценарист, актери, снимател