Заклетвата е наменета за членовите на Тинтири Минтири, но пожелно е да ја дадат сите останати учесници во натпреварот за монолог.

Јас, __________, давам чесен актерски збор дека на натпреварот по монолог ќе дадам максимум од своите актерски способности, со цел да се забавувам и убаво да си поминам. Ветувам дека нема да се налутам, да плачам или да правам други тажни и неприлични работи доколку освојам награда, место или диплома. Исто така ветувам дека нема да се налутам, да плачам или да правам други тажни и неприлични работи доколку не освојам некое место, награда или диплома.

Ветувам и дека насмеан / насмеана ќе влезам на натпреварот да покажам што знам и во иста таква состојба ќе си заминам дома.

Ветувам и дека нема да се налутам на ниеден член од комисијата и нема да зборувам лошо за нив пред и после натпреварот.

Оваа актерска заклетва ја давам под целосна морална и материјална одговорност.