Почитувани деца и родители, зимските уписи се во тек!
НОВОСТИ: Новата сезона на нова телевизија! Осмата сезона на Тинтири Минтири Шоу ќе се емитува на Македонска Телевизија.
Подготвуваме ново, уникатно и креативно телевизиско патување. Нови рубрики и ликови, нови песни и кратки филмови.
Работиме со деца од 6 до 18 години и ги водиме низ светот на филмот, театарот и медиумите.
Нашите ментори ги насочуваат кон креативна работа и им помагаат да ги развијат своите таленти преку:
- стимулирање на креативни потенцијали;
- дивергентно мислење;
- фокус на когнитивни и конативни способности;
- пишување сценарија, монолози и драмски текстови;
- развивање на меморија;
- вежби за фокус;
- снимање филмови и емисии;
- развивање на актерски вештини;
- многубројни јавни настапи и театарски претстави;
Што вклучува програмата на Тинтири – Минтири?
Oбука за филмски и театарски актери, основи на филм, филмско сценарио, драмски текст, основи на филмска и тв режија, анимација, радио драма и многу друго.
Со настава започнуваме на 20 јануари 2025 година!
Студиото на Тинтири – Минтири се наоѓа во Дом на култура „Кочо Рацин“, веднаш спроти гимназијата Јосип Броз Тито.
Овозможете им на вашите деца да ја освојат театарската сцена, да ја откријат магијата на филмот и телевизијата!
Како да се информирате и пријавите?
Сите заинтересирани можат да се информираат на тел. 078 30 21 61, преку приватна порака на Инстаграм и Фејсбук или со пополнување на АПЛИКАЦИЈАТА.