Годинава нашите деца создадоа филмови на кои сме искрено горди. Единаесет оригинални идеи си најдоа свој филмски израз.
Она што ни е најдраго е што најголем дел од процесот беше целосно во нивни раце. Од првата идеја, па сè до последниот кадар. Размислуваа, предлагаа, грешеа, се расправаа, па потоа се договараа и создаваа, баш како вистинска филмска екипа. А на премиерата се бореа за гласови со зборови, ама како лавови!
Досега сме снимиле безброј филмови со деца и од деца, но за првпат оваа година на децата им ја предадовме контролата врз филмскиот процес.
Веруваме дека токму тоа е најдобриот и најбрз начин децата навистина да го научат филмскиот занает. Преку создавање, обиди, грешење, поправање и повторно снимање.
Секако, за секој побаран совет, ние секогаш бевме и сме тука. Но овојпат тие беа главните автори: сами пишуваа сценарија, подготвуваа улоги, се коригираа, вежбаа, соработуваа и ја земаа режисерската палка во свои раце, а еве сега се подготвуваат и за премиера.
Жири-комисијата во состав Пируника Киселичка (актер), Филип Кондовски (кинематографер) и Горан Трифуновски Пајак (актер) го забележа трудот што самите го вложија, што ни е уште една потврда дека кога на децата ќе им се даде доверба, тие знаат да изненадат на најубав можен начин.
Наскоро ќе можете да ги погледнете филмовите на Јутуб!























Македонски