SAMSUNG

Иако со користење на интернетот децата имаат брз и едноставен пристап до информации и игри, децата не се среќни и исполнети. Една од причините за ова секако е фактот што порано децата ја користеле својата имагинација и играле слободни игри во соседството. Гледањето на телевизија секогаш било ограничено, а најголем дел од времето се играле друштвени игри.

child-using-iphone

Слободната социјална игра кај децата има клучно значење за децата да стекнат социјални вештини и да научат како да се справат во стресни ситуации. Ако овие игри засекогаш исчезнат, велат експертите, и општеството ќе плати висока цена.

Една од придобивките од социјалните игри е тоа што децата ја развиваат интелигенцијата, развиваат силни комуникациски вештини и го инспирираат креативното размислување.

Имагинативната игра  е темел на градење на карактерот и менталниот капацитет кај децата.

kids-playing-outdoors

Една од причините за намалување на времето за игра денес е тоа што повеќе родителите се на работа и работат повеќе часови – што резултира во потребата децата да поминуваат голем дел од времето во структурирани училиште програми и вонучилишни активности. Многу современи родители одлучуваат да ги запишат децата во високоакадемски структурирани програми, со надеж дека тоа ќе им овозможи образовна предност на децата, но тоа не е така.

Иако родителите имаат најдобри намери, без процесот на  слободното истражување на светот децата се доведуваат во ситуација на губење на меѓучовечките, социјалните и емоционалните вештини за справување со светот.

Со наметнување на тестирањата во секоја сфера, ја исклучуваме можноста на децата да им овозможиме малку поинаков пристап во размислувањето и ги учиме шаблонски да размислуваат и да се однесуваат.

Доколку животот на децата е промногу структуриран, децата немаат можност да ги развијат своите интереси и да ја следат својата инспирација.

6-outdoor-activities-for-active-families-1

Играта во детството има клучно значење за социјалниот, емотивниот и когнитивниот развој.
Имагинативната слободна игра  е спротивна на структурираните активности и игри и таа е една од најважниот вид на игра во детството.
Децата кои не си играат кога се мали, ќе израснат во вознемирени, социјално незрели возрасни личности. Родителите се должни да им направат достапни места што овозможуваат физички активности и слободен простор за детски игри.

Родителот треба од најрана возраст да почне да игра со детето со цел тоа да стане отворено и слободно. Децата што растат и играат со родителите и остваруваат квалитетна комуникација со нив, израснуваат во здрави социјални битија кои комуницираат со светот што ги опкружува на здрав начин.