Едноставни совети за вашите видео снимки да изгледаат професионално

Во ерата на YouTube, домашните видеа се популарни како фамилијарните слики. Сепак, дури и само со вашиот телефон можете да направите добри видео снимки. е разбира, најдобро е кога имате камера за оваа работа.

Еве десет едноставни совети  како да изгледат професионално вашите домашни видео снимки.

Планирајте!

Без разлика каков настан снимате, направете план. Запишете листа од снимки што ви се отребни. На пример, ако снимате роденденска забава, вашата листа мора да вклучува:

  • Декорација на тортата.
  • Пристигнување на гостите на забавата
  • Сместување на гостите
  • Презентација на тортата
  • Дување на свеќички и реакции на гостите
  • Сечење на торта
  • Снимки од отворање на подароци
  • Интервјуа на гостите
  • Забава и танцување
  • Заминување на гостите

Ако има претходно направен план за настанот, може да го употребите за да ја подготвите вашата листа. Колку повеќе знаете што ќе се случува, полесно ќе ви биде за снимање.

Користете статив

Кога е можно користете статив. Иако е малку напорно поставувањето, сепак неговото користење прави голема разлика во снимката. Доколку снимате статично, користењето на статив ќе ви помогне снимките да бидат стабилни и чисти.

Користете општ план тотал

Скоро сите филмови и сцените во нив почнуваат со нешто што се вика почетен општ план – тотал. Тоа е снимка на локацијата каде се случува дејството. Ако станува збор за забава, може да има надворешна снимка од тоа како изгледа местото каде што се одржува забавата.

Снимајте од близу

Исто како и со фотографирањето, добро е кога снимате од близу. Што помалку работи кои ви го одвлекуваат вниманието има во позадина, толку попривлечно за гледање ќе биде. Постојат четири типови кадри кои се користат во снимањето филм:  општ, среден, крупен и детаљ. Можете да ги препознаете овие кадри во поквалитетните филмови.

birthdayvideo

Вметнати кадри

Сите добри видеа и филмови користат инсерти. Инсерти се кадри поврзани со главното дејство. На пример, при снимање роденденска забава,  има снимка од славеникот како ги дува свеќите и ја сече тортата. Но, се ставаат и инсерти од гостите што пеат роденденска песна или аплаудирање откако слвеникот ќе ги дувне свеќите.

Друг пример: кога славеникот ќе ги отвора подароците, може да се инсертира снимка од личноста од која е даден подарокот.

cutaway2

Снимајте од општо кон среден план

Секогаш снимајте од општо кон среден и од среден ко крупен план. На пример, почнувате со среден кадар на славеникот како ги отвора подароците. Потоа давате крупен кадар на неговите раце додека отвора подарок, со што се добива драматичен ефект.

Менувајте агли и позиции

Снимајте од различни агли и позиции. Доколку го снимате секој кадар од истата позиција или агол, видеото е стане досадно.

Од снимање до монтажа

Без разлика дали ќе го монтирате филмот, обидете се да го уредите додека снимате. На пример, ако камерата има опција за fade in и fade out , искористете го ова при снимањето.  Тоа може да помогне снимките да бидат почисти и попривлечни.

Ако не планирате да го монтирате материјалот, ќе треба да го одредите времетраењето на видеото. Пред да почнете со работа, утврдете ја должината на видеото. Ако снимате роденденска забава, вашето видео може да биде од 15 до 30 минути долго, иако забавата може да трае со часови. Запомнете, ни холивудските филмови обично не траат повеќе од 90 минути. Никој не сака да гледа видео материјал од роденден кое трае 2 часа. Затоа планирајте ги кадрите однапред. Кога ќе го снимате доаѓањето на гостите, на пример, секој од кадрите може да биде долг 10 секунди. Ова се регулира со тајмер од камерата или телефонот.

Проверете го звукот

Снимањето видео не е како сликање со фото апарат. Затоа неопходно е да го проверите нивото на звук. Ако на вашата камера може да се намести нивото на аудиото во камерата, проверувајте го постојано за да се осигурате дека не е премногу високо или ниско. Ако имате можност, користете слушалки да ги надгледувате нивоата на звук кој доаѓаат во вашата камера.

Professional-Video-Editing-Tips-and-Tricks

Видео монтажа

Монтирањето на видео снимките во професионална програма е најдобар начин да се направат добри видео производи. Процесот не е тежок, но бара повеќе време. Со вакви програми може да ги елиминирате лошите кадри, да додадете претопи, музика во позадина и сл.