Актерска работилница за деца наменета за техники на дишење ќе се одржи на 25 септември (петок) во 10.00 часот во Градскиот Парк. Ментор на работилницата е познатиот македонски актер Дејан Лилиќ, а е во организација на филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција.
Контролата на дишењето влијае на силата, брзината и опсегот на говорот и пеењето. Со применување на практични вежби за контрола на дишење може во голема мера да се подобри способноста за говор и пеење. Освен тоа, со овие техники не само што се смирува и се релаксира организмот, се намалува тремата и се зголемува концентрацијата,туку и се подобрува капацитетот на белите дробови, што на младите актери и пејачи многу ќе им помогне во понатамошниот развој на говорните и пејачки вештини.
Место на одржување: Градски Парк, веднаш до влезот на стариот Луна Парк
Време: петок (25 септември) во 10.00 часот наутро
Работилницата е наменета за деца од 6 до 18 години кои сакаат да глумат и да пејат. Заинтересираните треба да дојдат комотно облечени, а можат да си носат подлога за седење. Работилницата ќе се одржи веднаш до влезот на стариот Луна Парк. Учеството е бесплатно. На настанот ќе се почитуваат сите мерки за социјална дистанца.
Дојдете и научете нешто ново и корисно! Учете од најдобрите!
Работилницата е во организација на филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција, со поддршка од Град Скопје.