Кога анализирате филм, анализата треба да опфати повеќе аспекти на филмот. Еве неколку потточки што можат да ви послужат како водач во работата:
- Анализа на приказната
Размислете околу сценариото на филмот. Што обработува приказната и заплетот? Дали е интересен? Дали му верувате? Дали ги има сите потребни информации за да го разберете? Размислете дали дијалогот е веродостоен и дали приказната е интересна. Дали можеби режисерот на филмот употребува симболика во изразот и дали симболите се јасно нагласени? Што сугерираат тие?
Анализирајте ја позадината на филмот. Дали филмот е снимен со мал или голем буџет и дали тоа влијае на квалитетот на филмот?
- Анализа на актерите
Препознајте дали актерите добро глумат. Дали им верувате на ликовите? Мислите ли дека се реални? Дали актерите морале драстично да го сменат телото за улогата?
- Анализа на дополнителни елементи
Дали амбиентот одговара со сцената? Дали акцијата во позадина го одвлекува или го привлекува вашето внимание? Дали е веродостојно или делува лажно?
Размислете околу костимите и реквизитите. Што носат ликовите? Дали одговара со расположението што го носат? Дали промената на костимите е важна и забележлива? Дали реквизитите се корисни или бескорисни?
Што мислите на тема музика во филмот што го гледате? Дали го одвлекува вашето внимание или е премногу нежна?
- Анализа на снимачките техники
Како снима режисерот или снимателот? Размислете за ритамот и организацијата на филмот. Дали филмот тече добро или е со прекини? Премногу брзо или премногу е спор? Дали дејството е конфузно?
- Како да ја склопите текстуалната анализа на филмот
Почнете со вовед. Зборувајте за позадината на филмот, очекувањата, актерите, екипата. Немојте да го изложите крајот.. Не користете многу детали во текстот.
Поврзете ги вашиот заклучок и воведот. Дали филмот ги достигнал вашите очекувања? Која е вашата целокупна оцена на скала од 1 до 10? Вашето мислење нека биде поткрепено со добра анализи и факти.