Наскоро почнува да се емитува новата играна серија „Лото и Лајка“.
Таткото Лото, мајката Лајка и нивните шест деца водат динамичен живот кој наликува на весела авантура. Понекогаш е тешко, понекогаш е лесно, но секогаш е интересно!
Главните ликови ги играат актерите Емилија Мицевска, Горан Трифуновски, како и децата членови на филмското училиште Тинтири Минтири: Васил, Јелопи, Илија, Марија, Бисера, Румен и многу други.
Сценариото и режијата е на Кузман Кузмановски, а серијата се работи во продукција на Аурипигмент.
Серијата „Лото и Лајка“ е наменета за младо и старо, машко и женско.
Погледнете ја најавата и очекувајте ја првата епизода на малите екрани, како и на Јутуб каналот на Тинтири Минтири.