Почитувани, Ве информираме дека филмското училиште Тинтири Минтири организира курс по анимиран филм наменет за деца од 8 до 12 години. Курсот ќе се одвива во учебната 2016/17 година, а почетокот е на 15ти септември. Работиме во минихомогенизирани групи, а секоја група ќе има можност да се запознае со процесот на создавање на класична анимација и да учествува во создавање на анимиран филм, кој ќе биде прикажан во рамки на меѓународниот фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест и во рамки на меѓународниот филмски фестивал за деца Тинтири Минтири Филм Фест.

Часовите се одржуваат еднаш во неделата по 100 минути.

Бројот на учесници е ограничен.

Ментор предавач Илчо Симовски.

Цената изнесува 1.500 денари месечно. Со купон за попуст од списанието Теа Модерна цената е со 20% попуст и изнесува 1.200 денари месечно.

Сите заинтересирани можат да се пријават на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com,  со испраќање на следните податоци: име и презиме, возраст, име и презиме на родител, контакт телефон и активна мејл адреса на родител.

Повеќе информации за содржината на курсот можете да добиете на тел. 078 30 21 61.

Видете го правилникот за упис на нови членови тука.

Содржини на курсот:

– вовед во анимација
– основи на класична анимација
– изработка на цртеж
– создавање на сценарио за анимиран филм
– анализа на анимиран филм

– практична работа
– вовед во различни техники за анимирање
– кино премиера на анимираните филмови
Можете да видите повеќе за нашата работа на линковите подолу.