dca09cf9-47be-424a-9e73-7d103c029749

Бираме цртеж за постер на „Тинтири Минтири Филм Фест“

Филмското училиште „Тинтири Минтири“ распишува конкурс за детски цртеж на тема „Сподели го сонот“. Се бараат креативни илустрации од деца до 15 години кои најоригинално ја претставуваат оваа апстрактна тема.

Најдобриот цртеж ќе стане официјален постер на меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“ кој ќе се одржи во јуни 2016.

Крајниот рок за испраќање е 10 мај 2016.

Цртежите можат да бидат изработени во било која техника.

Делата треба да се пратат на адреса ул. Венијамин Мачуковски 17/1-1 Скопје, со назнака: За конкурс за детски цртеж. Освен цртежот, треба да се испратат и следните податоци: име и презиме на автор, возраст, контакт телефон на родител и и-мејл на родител.

Делата можат да се пратат и на мејлот kc.tintirimintiri@gmail.com, скенирани во висока резолуција, заедно со податоците на авторот.