Срамежливоста е природна состојба кога децата се наоѓаат во нова ситуација. Но, некои деца се посрамежливи од други. Понекогаш срамежливоста е пречка да соработуваат и да се дружат, а знае да биде пречка и во училиште.
Срамежливоста во развојот на децата е нормална состојба и се појавува скоро кај сите. Taa вкучува страв, напнатост и анксиозност.
Според експертите, во текот на развојот на детето може да се појават различни нивоа на срамежливост. Сосема е нормално кога бебињата се плашат од возрасни што не ги познаваат. На возраст од 4 и 5 години децата можат да развијат страв од непознато . Треба да се има предвид дека често се случува повлечените деца да се однесуваат така поради нивните внатрешни скриени таленти.
Знаци за екстремна срамежливост кај децата:
1. Детето ретко зборува на сопствена иницијатива.
2. Не одговара кога непознати возрасни му поставуваат прашање.
3. Следи инструкции, но не одговара вербално на нив.
4. Зборува тивко , повлечено и споро.
5. Избегнува контакт со очи.
6. Често гледа во земја .
7. Ги гледа останатите деца како играат, но не им се приклучува во играта.
8 . Не сака да се оддалечи од родителите.
Еве неколку позитивни аспекти на срамежливоста: срамежливите деца добро ги завршуваат училишните задачи, не влегуваат во проблематични ситуации, внимателно ги слушаат другите и друго.
Се претпоставува дека срамежливоста може да биде предизвикана од различни причини: генетика, карактерни особини на личноста, научено однесување, недостаток на социјална интеракција, често критикување од родителот или едноставно страв од неуспех.
Еве неколку совети како да му се помогне на екстремно срамежливо дете.
Детето не смее да се етикетира како срамежливо. Никогаш не треба да го нарекуваме срамежливо детето кое се срами. Родителон не смее да дозволи ниту другите луѓе да го етикетираат детето.
Треба секогаш да се има на ум дека социјалните вештини се учат и тие можат да му бидат од голема помош на срамежливото дете. Со правилен пристап и со разговор со родителот детето мо же да научи како:
– да се запознава со нови деца.
– да почне да се поздравува со останатите.
– прв да почне комуникација.
– да се приклучи во игрите на неговите другарчиња.
Многу помага кога родителот ќе ги сподели со своето дете сопствените искуства со срамежливоста кои ги имал кога тој бил дете. Објаснете му ги придобивките на комуникативноста и поголемата отвореност со луѓето.
Полека но континуиирано убедувајте го детето да се запознава и да се дружи со поголем број пријатели. Носете го постојано во некој парк каде што тоа полека ќе создаде пријателства и ќе почне да комуницира, но не го форсирајте за да не се направи спротивен ефект. Овозможувајте да присуствува на нови ситуации во кои се вклучени нови луѓе.