Sequence 01.00_00_41_13.Still002

Филмското училиште Тинтири Минтири организира летен филмски камп за деца од 7 до 11 години во Скопје. Активностите се организираат во период од 27 јуни до 1 јули 2022 година. (од понеделник до петок). За време на летниот камп децата ќе го снимат филмот „Волшебните вафли“.

Краток синопсис: По игра на случајот група деца откриваат стара ѕвездена мапа која ги води до едно необично место. Ова несекојдневно место крие слатка тајна –  таму се создаваат вафли со волшебни моќи.

Активностите вклучуваат:

– обука и вежби за филмска и тв глума

– работа со професионални актери

– основи на сценарио

– вежбање на дијалог

– градење однос кон камера, вежби за ослободување и фокус

– практична работа (снимање на филм)

– активности на отворено во Градски Парк

– забава и дружење

2 3

Распоред на активности:

27 до 31 јуни – од 10 до 12 часот

1 јули – од 10 до 14 часот

За сите учесници на кампот е обезбедена ужинка / овошје / сокови и вода во текот на целиот престој и се разбира, многу вафли.

Кино и тв премиера на филмот: септември 2022

Сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации на тел. 078 30 21 61 или во порака на нашите социјални мрежи.

ПРИЈАВА ЗА ФИЛМСКИ ЛЕТЕН КАМП