boy-with-microphone-red-background-studioФилмското училиште Тинтири Минтири организира новогодишен натпревар за деца за најдобра изведба на монолог. Натпреварот ќе се одржи на 24 декември 2016 година (сабота). Содржините од настапите на децата ќе се снимаат и премиерно ќе бидат прикажани на Македонска телевизија во посебна новогодишна емисија.

Право на учество имаат сите деца до 18 годишна возраст. За учество потребна е потпишана дозвола од родител / старател.

Правила  Секој натпреварувач треба да изведе монолог со времетраење од околу 1 минута, според сопствен избор на текст, извадок од одредено дело или оригинално напишан. Натпреварувачите ќе бидат оценувани 1. од страна на тричлено стручно жири и 2. според гласови од видео материјалите кои вирално ќе се споделуваат. (Youtube, Facebook). Награди  Тројца од финалистите ќе бидат наградени.  Краен рок Сите заинтересирани треба да пополнат он-лајн пријава или да се пријават на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com најдоцна до 22.12.2016.

Снимените материјали се во сопственост на филмското училиште Тинтири Минтири, кое го задржува правото за јавно прикажување на телевизија и преку интернет (Youtube, Facebook и др.).
portrait-boy-microphone-rack-12729155Повеќе информации на контакт телефон 078 30 21 61.
Што е монолог
Монолог –  говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, како форма на драма. Монологот го изведува лик што директно и се обраќа на публиката или ги искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите актери се тивки.

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Во прилог се неколку изведби на монолози од членовите на нашето филмско училиште.

Споделување, монолог со Антоанета Јорданова
Без жичени закачалки, монолог со Теа Павлова
Комичен монолог со Миа Раковиќ, експерт за перде и срам