13223007_web1_Acting-camp_RCTC

Филмското училиште Тинтири Минтири организира летен филмски камп за деца од 12 до 18 години. Филмскиот едукативен камп трае 5 дена во период од 20 до 24 јуни 2022, а за време на кампот децата ќе го снимаат урбаниот игран филм „Моето Скопје“.

Филмскиот камп е едукативен и можат да се пријават деца со или без досегашно актерско искуство.

download

Филмот „Моето Скопје“ ги прикажува младешките сништа и препреките кои се испречуваат пред две групи деца кои потекнуваат од две различни социјални средини. Двете групи се среќаваат на концерт/забава се случува љубов помеѓу Тино и Сара која е осудена од врсниците припадници на различните друштва. „паркаши“ и „гасери“. Конфликтот е неизбежен. Дали секоја група ќе го „заштити“ својот припадник или љубовта ќе победи?

Филмот ќе се снима со професионална филмска екипа и со високо професионална филмска опрема, а менторите се филмски професионалци за работа со тинејџери.

akter - kamera

Распоред на активности:

20 јуни (понеделник)

Време: 10.00 – 13.00 часот

локација: Градски Парк

Активности: Запознавање, работа на сценарио

21. јуни (вторник)

време: 10.00 – 13.00 часот

локација: Градски Парк

Активности: градење на ликови, актерски вежби

22 јуни (среда)

време: 10.00 – 13.00 часот

локација: Градски Парк

Активности: Сценарио, актерски вежби

23 јуни (четврток)

време: 10. 00– 16.00 часот

локација: Музеј на Град Скопје, Камени Мост

Активности: снимање

 24 јуни (петок)

време: 10.00 — 16.00 часот

локација: Милениумски Крст,

Активности: снимање

август 2022

кино премиера на филмот

септември 2022

тв премиера на филмот

kaplan-summercamps-hub_0

Програмата на филмскиот камп ги вклучува следните активности:

– обука за филмска и тв глума

– основи на филмско сценарио

– работа со професионални актери, режисер и сценарист

– работа на дијалози и монолози

– посета на повеќе локации за снимање

– дружба и социјализација

– активности на отворено  и снимање на знаменитости во градот

– верификација на наученото преку снимање на филм „Моето Скопје“

Продукцијата го задржува правото  да помести дел од работните часови зависно од можностите за посета на знаменитости во Скопје.

За време на престојот на децата им е обезбеден еден оброк, овошје, вода и сокови.

Пријавување на ЛИНКОТ. Повеќе информации на тел. број 078 30 21 61.