Во денешно време телефоните со вградена камера што снима видео материјали во висока резолуција се лесно достапни. Снимањето со телефон секако има маани, но и свои предности. Еве неколку од добрите работи кога снимате со телефон:

– телефон носиме секаде со нас. Кога ќе се појави неочекувана и непланирана можност за снимање, при рака ни е секогаш телефонот.

– За телефони кои што користат iOS и Android оперативни системи постојат многу апликации што ги прошируваат можностите – овозможуваат ефекти што можат да ја подобрат сликата и начин веднаш да се прикаже снимката на интернет.

– Технологијата напредува и снимањето видео со телефон станува се поевтино и попрактично.

Иако не сите телефони имаат камера што квалитетно снима, доколку ги следите овие седум совети, снимките направени со вашиот телефон ќе ги направите лесно и сликата би била одлична.

Без добро светло нема добра снимка

Правилното осветлување има големо влијание на камерите на мобилните телефони, затоа што тие имаат помали леќи и сензори за слики. Најдобро е да снимате го вашето видео на јасно осветлени места. Ова помага да се избегнат непотребните сенки и сликата а биде во зрно. Исто така, мора да избегнувате директна светлина. Најдобро е кога осветлувањето е стабилно. Сензорите за слветлина кај телефоните многу споро реагираат на драстични промени во осветлувањето. Ако можете, поставете осветлување зад камерата.

Снимајте стабилно

Ако не сакате вашата видео снимка да излезе искривена или матна, најдобро е телефонот да го држите стабилно за време на снимањето. Држете го телефонот што е можно поблизу до вас.

Ова може да биде заморно за време на долги тејкови, меѓутоа има и други начини како да ја стабилизирате снимката:

– користење стабилизатор или статив за телефон

– ако немате можност за набавки на вакви производи, еднoставно потпрете го телефонот на маса, стол, полица и сл.

Smartphone-Video-Stabilizer-e1407355342810mount-7610x367

Звукот е важен исто колку и видеото

Добро видео со слаб квалитет на звук е бескорисно.  Дури квалитетот на звукот е поважен од квалитетот на видеото. За жал, вградените микрофони во поголемиот дел од телефоните се со лош квалитет и неправилно поставени. Многу често се случува да се слуша ветер и други звуци што пречат на звуците кои сакате да ги снимите. Не постои начин непотребните звуци да ги изолирате од потребните. Затоа препорачливо е да се снима во затворени простории каде нема многу звуци. Професионалците снимаат дури и филмови со телефон, но тонот го снимаат со посебен микрофон. Ако не можете да обезбедите посебна тонска опрема, приближете се до субјектот и покриете го микрофонот со дланки.

how-to-operate-boom-microphone

Снимајте од блиску

Снимајќи го од близу субјектот, квалитетот на сликата се подобрува. Така се избегнуваат и непотребните звуци, се подобрува фокусот бидејќи поголемиот дел од телефоните содржат дигитален наместо оптички зум.

Избегнувајте вертикално снимање

Поставете го телефонот хоризонтално за време на снимањето. Тоа ќе придонесе за полесно монтирање на видеото.

hold-horizontally-and-steadily

Користете апликации 

Апликацијата за камера на вашиот телефон може да заврши голема работа, но постојат и други апликации кои можат да понудат повеќе. Многу од нив се бесплатни и можат да понудат многу опции за почетници.

Подгответе се

Пред да поченете со снимање, бидете сигурни дека имате се што ви е потребно. Дополнително проверете дали батеријата на вашиот телефон е полна и дали има доволно меморија.

Создавањето квалитетни снимки може да биде забавен, па и профитабилен ангажман. Совладајте ја уметноста на снимањето видео материјали со вашиот мобилен телефон преку овие совети. И верувајте, со вежба ќе ги согледате резултатите за многу кратко време!

Повеќе за тоа како професионално се снима филм можете да научите во филмското училиште Тинтири Минтири.